Достава

Политика за достава на пратки.

По направената онлајн нарачка на нашата онлајн продавница, вашите податоци се зачувуваат во нашиот систем и добиваме нотификација дека имаме порачка, во меѓувреме и вие добивате меил дека имате направено порачка од Органски Мед Димитров, со статус направена порачка. Штом ја испратиме вашата порачка, вашиот статус ке се измени и ќе добиете нов меил да вашата пратка е испратена. Кога Испорачувачот(каргото) ќе ни потврди дека ви ја предале пратката, тогаш добивате нова емаил порака дека испоракта е комплетирана.

Пред испорака на пратката, Ваште податоци се печатат и се лепат на пратката која сте ја порачале.
Пратката во рок од 24 часа се носи во Пошта/Карго, потоа вие во 1-2 работни дена треба да ја добиете. Во зависност на тоа кога е направена порачката на нашата онлајн продавница во кој период од денот.

При правење на порачката вие одбирате каква испорака би сакале, доколку сте во Штип, вашата испорака ќе се изврши најдоцна за 24 часа, доколку сте од другите градови имате опција да одберете достава до врата и достава до вашиот град. Ова е направено од причина што некои немаат потреба од достава до врата или секогаш транспортерот не е во можност до вашето место да направи достава.

Вршителот на испораката е должен да ве извести дека пратката е пристигната во вашиот град или да ве извести пред достава, дека пратката е кај нив и каде да ви ја испорачаат.

За било какви неправилности и недоразбирања наштите телефони се отворени 24/7, за секоја пратка и за било каква информација.
Пред секоја испорака вие ќе бидете исконтактирани за и околу деталите за пратката.
Телефон за контакт 031 305 989

Плаќањето се врши при примање на пратката.